Денес, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари протоколарна средба со резидентното одбранбено аташе на Република Србија акредитирано во Република Северна Македонија, полковник Небојша Ѓорѓевиќ.
Полковникот Ѓорѓевиќ упати честитки до началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски за поставувањето на новата должност.
На средбата генералот Лафчиски изрази благодарност за поддршката при справувањето со огнената стихија, а се разговараше и за продолжување на билатералната соработка помеѓу двете армии, која се реализира во доменот на изведување на обука и вежби, посебно во делокругот на АБХО.