Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, оствари проштална средба со заменик на Шеф на канцеларија за одбранбена соработка, мајор Дијана Ален.
Генералот Лафчиски се заблагодари за досегашната одлична соработка и нејзиниот професионален ангажман како заменик Шеф на канцеларија за одбранбена соработка но и огромен успех во работата како офицер за билатерална соработка помеѓу армиите на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.
На крајот од средбата генералот Лафчиски на мајор Дијана Ален и посака многу успех во понатамошната кариера и ја награди со Златна значка за партнерство, координација и соработка.