Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес во Генералштабот оствари средба со командантот на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG), бригаден генерал Билбил Битри.
Ова е прва официјална средба на генералот Ѓурчиновски со генералот Битри, кој ја презема должноста командант на СИБРИГ, во септември оваа година.
Генералите Ѓурчиновски и Битри разговарaа за придонесот кој го дава Армијата на Република Северна Македонија со своите декларирани единици и штабен персонал во бригадата, но и подршката која ја овозможуваме како земја домаќин за функционирањето на оваа команда, која е стационирана во Куманово.