Нашата единица за специјални намени „Волци“ уште еднаш ја искористија можноста за целосен приказ на своите способности при изведување на здружени вежбовни активности со сојузниците од НАТО, овојпат на вежбата „Балкански воин 23“.
На вежбата која се изведуваше на Армискиот полигон Криволак во период од 25 до 30. 06.2023 година, единицата од составот на баталјонот за специјални сили заедно со колегите од специјалните сили на грчката Армија претставија потполна интероперабилност во изведување на тактиките, техниките и процедурите при изведување на специјални операции.
Покажаниот висок степен на обученост која ги надминува очекувањата е резултат на континуираната соработка која ја имаат припадниците на овие две специјални единици од сојузничките армии кои со меѓусебните односи и довербата ја демонстрираат колективната воена подготвеност за распоредување и одговор на секоја криза.