Со полагање на свежо цвеќе на спомен обележјето пред Ренџерскиот баталјон во касарната „Илинден“, се одбележаа шеснаесет години од трагичното загинување на постар водник Зоран Јованов, кој беше припадник на специјалните единици на Армијата.
Пред споменикот, подигнат во чест на ликот и делото на загинатиот воен инструктор по падобранство, свежо цвеќе положија претставници од ренџерскиот баталјон, баталјонот за специјални намени, Командата за обука и доктрини, Логистичката база, неговиот син Адријан и поранешни негови колеги во падобранството.
Зоран Јованов го загуби животот во 2004 година за време на обука во изведување на падобрански скок од транспортен авион на военото воздухопловство на спортскиот аеродром во Прилеп.