Во баталјонот за специјални сили во присуство на шефот на канцеларијата за одбранбена соработка на САД со Армијата на Република Северна Македонија и претставници од Генералштабот како завршна активност за вежбата „Trojan Footprint 21“ од страна на директните учесници се изврши анализа на реализираните активности во текот на вежбата и остварените цели а на учесниците им се доделија сертификати.
Со денешната првична анализа од презентираните резултати се потврди постигнувањето на главната цел на оваа вежба на специјалните сили во организација и под раководство на Армијата на САД за Европа а тоа се подобрување на способностите за изведување на операции на специјалните сили во координација со конвенционалните сили, зголемување на интероперабилноста, меѓусебните односи и довербата помеѓу сојузничките армии.
Еден дел од вежбата „Trojan Footprint 21“ се изведуваше на Армискиот полигон Криволак помеѓу припадниците на баталјонот за специјални сили и 10th Special Forces Group – Airborne кои ги усовршуваа борбените вештини во изведување блиска борба при специјални операции на копно.
Покрај Република Северна Македонија вежбата „Trojan Footprint 21“ се изведуваше и во Романија, Бугарија, Црна Гора и Грузија и во издвоени активности учествуваат десет НАТО и партнерски армии.
Вежбата која се изведуваше од 4ти до 14ти мај е во склоп на големата вежба на НАТО под раководство на Армијата на САД за Европа – „Defender Europe 21“ чии активности се изведуваат во 16 земји на Европа, а во чиј состав ќе биде и вежбата „Одлучен удар 21“, која ќе започне на 17 мај.