Декларираните тимови од баталјонот за Специјални сили, кои реализираат Обука во летни услови во реонот на Охридското езеро, во присуство на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ги прикажаа способностите во пливање, нуркање, премин преку водени препреки и неутрализација на непријателски сили во вода и на копно.
По реализација на брифинг за извршените задачи во изминатиот период, се реализираше методско огледна вежба со тактичка претпоставка за ослободување на заложник, при што припадниците од баталјонот за Специјални сили – „Волци“ ги демонстрираа тактиките, техниките и процедурите кои ги користат при извршување на директни акции, а се имплементираат при реализација на наменските задачи.
На крајот на активноста, генералот Ѓурчиновски им оддаде признание за реализираната вежба и им посака понатамошен успех при извршувањето на идните задачи, како во државата, така и за време на мисиите во странство.