Денес, 3 октомври 2016 година започна 32. Курс за оценувачи според концептот за оперативни способности на НАТО. Курсот ќе се реализира во Кавадарци и Армискиот Полигон „Криволак“ во период од 03 до 07.10.2016 година.
Цел на курсот е на учесниците од НАТО и ПзМ им се даде генерална слика за методологијата и стандардите за оценување преку техники и процедури на оценување и соодветен софтвер. На курсот учествуваат 42 слушатели од 21 земја. Носител на курсот е одделението за оценување на оперативната способност во SHAPE во НАТО.
Самиот курс е поделен на два дела теоретски и практичен. Во теоретскиот дел слушателите се запознаваат со одредбите, техниките и стандардите во оценувањето како и со софтверот кој се користи. Практичен дел студентите ќе го реализираат за време на вежбата „Македонски блесок-12“ каде ќе ја оценуваат декларираната ренџерска чета.
Во периодот од 28.09 до 02.10 се реализираше непосредна подготовка на курсот каде голем број на старешини на АРМ зедоа учество. За значајот на овој курс и довербата која ja има НАТО одделението за оценување на оперативната способност зборува и податокот дека за заменик директор на курсот е одреден потполковникот Ивица Цветковски и за заменик директор на оценувачкиот тим е одреден потполковник Василевски Ѓорѓи.