Во периодот од 21.03 до 26.03.2021 година, во Центарот за обука на вода во Охрид, со придржување кон сите мерки и препораки за заштита од КОВИД-19, беше реализирана работилница за изработка на оперативната наредба (OPORD) за вежбата „Одлучен удар 21“.
На отворањето на работилницата, директорот на вежбата полковник Блаже Николовски ја истакна важноста на изработката на оперативната наредба, врз основа на која ќе се реализираат активностите на вежбата.
Исто така беа финализирани барањата за реална логистичка поддршка, заштита на силите како и побарувањата за потребите на отворањето и затворањето на вежбата и Денот за високи посетители, кој ќе се реализира на 31.05.2021 година на АП „Криволак“.
Последните подготовки од планирачкиот процес за вежбата „Одлучен удар 21“ ќе се реализираат во месец април, со учество на тимот за планирање на вежбата на завршната Работилница за изработка на организациската наредба за националната вежба „Одлучен удар 21“.
ЧС/БН