Генерални информации за вежбата
Име на вежбата
„SEVEN STARS 2025“
Организатор/носител
Главен штаб на SEEBRIG со целосна поддршка од Армијата на РСМ, вклучувајќи ги и придружните единици поврзани со SEEBRIG.
Вид на вежба
Симулациска вежба од меѓународен карактер.
Датум на изведување
Од 2 до 11 април 2025 година
Место на изведување
Во Центарот за симулации во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес и АП „Криволак“
Учесници во РСМ
Припадници од земјите членки на SEEBRIG и лица набљудувачи од НАТО.
Сценариото на вежбата „SEVEN STARS 2025“ е преку компјутерски симулирана вежба, каде ќе се прикаже интероперабилноста, а воедно и ќе се извежбуваат процедури за командување и контрола во рамките на штабот на SEEBRIG, вклучувајќи ги и ќелиите за одговор прикажани од страна на единиците поврзани со SEEBRIG, воедно на АП „Криволак“ ќе се реализира динамична демонстрација на активности на тактичко ниво.
Цел на вежбата
Тестирање и подобрување на оперативна способност на SEEBRIG и за подобрување на воената интероперабилност помеѓу неговото командно место и придружните единици за време на операции за поддршка на мирот.
Придобивки од изведување на вежбата
- Да се оцени ефикасноста на SEEBRIG и да се зголемат капацитетите на персоналот на SEEBRIG за спроведување на Операции за Поддршка на Мирот.
- Да се вежба и оцени планирањето и координацијата на персоналот во сите фази на процесот на планирање на операциите.
- Да се подобри процесот на Командување, Контрола и Комуникации помеѓу командното место на SEEBRIG и придружните единици.
- Да се вежба Процесот на Воено Донесување Одлуки во мултинационална средина.
- Да се тестираат Стандардните Оперативни Процедури на SEEBRIG.
- Да се развие воената интероперабилност помеѓу командното место на SEEBRIG и другите воени ентитети.
- Да се тестираат капацитетите на командното место за цивилно-воена соработка.
- Да се имплементираат научените лекции од претходните вежби.
План за реализација на вежбата
- 04 Официјален почеток на вежбата
- 04 – 04.04 Извежбување на постапки и команди преку компјутерски симулатор во ЦС/КОД (планирачка фаза)
- 04 Културни активности
- 04 Мини вежба преку компјутерски симулатор во ЦС/КОД.
- 04 – 09.04 реализација на вежбата преку симулациска платформа JCATS и подготовка на ДВП
- 04 Ден на високи гости – АП „Криволак“
- 04 Завршеток на вежбата и подготовки за заминување
Можности за медиумско проследување на активности
10.04.2025 – Ден за високи посетители на АП „Криволак“.