Како дел од вежбата „Одлучен удар 21“, во кампот Оган, на армискиот полигонот „Криволак“, се реализира 36 часовна активност „Spur Ride“ со припадниците на 1-153 CAV (коњаничка регимента) од Националната гарда на Флорида, САД и за прв пат во историјата на единицата учество на припадници од Армијата на Република Северна Македонија.
На крајот активноста заврши со 16 км марш, на кој покрај натпреварувачите со свое учество поддршка дадоа и амбасадорката на САД Кејт М. Брнз, генерал-мајор Павле Арсоски, бригаден генерал Орце Јордев, полковник Блаже Николовски и претставници од Генералштабот на Армијата, како и голем број учесници на вежбата „Одлучен удар 21“.
Од страна на амбасадорката на САД Кејт М. Брнз и командантот на Командата за операции, генерал-мајор Павле Арсоски, заменикот на командант на Командата за операции, бригаден генерал Орце Јордев и директорот на вежбата полковник Блаже Николовски, на сите припадници кои успешно ја поминаа „Spur Ride“ им се доделија сребрени мамузи.
„Spur Ride“ претставува традиција која што секој припадник на коњаничка единица од армијата на САД мора да го помине и претставува комбинација од физичка издржливост и ментална сила.
ЧС/ БН