Денеска, 29.11.2024 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, со завршувањето на академскиот дел, заврши првата недела од вежбата „Maple Arch 24“. Во изминатите пет дена учесниците на вежбата имаа можност да извршат темелни подготовки за практичниот дел од вежбата, кој ќе се реализира претстојната недела. Преку презентации и практична работа, учесниците на вежбата се обучуваа за работа со JCATS (Joint Conflict and tactical simulation enhancements), работа со медиуми, со цивилни организации и работа во различни теренски услови.
ЈМ/ИЦ