Денес, 3 октомври 2017 година, во раните утрински часови ренџерската чета (рч) успешно изврши марш од касарната „Илинден“ во Скопје до армискиот полигон (АП) „Криволак“, каде во фиктивниот реон на операции, треба да го имплементира планираниот систем за непрекинато ажурирање на тековната оперативна слика и на тој начин обезбеди насочување на маневарскиот елемент кон правилна и потполна реализација на доделената мисија.
На АП „Криволак“ , рч ќе се оценува согласно Концептот за оперативни способности на НАТО низ решавање на повеќе настани и инциденти, во кои ќе треба да ги изврши следните задачи: реакција на контакт, справување со идентификувана импровизирана експлозивна направа (ИЕН), артилериски напад на база, АБХ одбрана, евакуација на повредени, реакција на заседа, одбрана на база, борбена патрола и друго.
Во исто време започна и оценувањето на средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) кое ќе се реализира преку извршување на следните задачи: справување со демонстранти и контрола на толпа, патролирање и воспоставување на контролна точка, обезбедување на база, кордон и пребарување и друго.