Намена и борбени особини на автоматски пиштол 7,65 мм М-61:
Автоматскиот пиштол 7,65 мм М-61 е оружје со мали димензии, мала тежина и голема брзина на гаѓање. Наменет е за уништување на непријателска жива сила на блиски растојанија. Служи како лично оружје на старешините и војниците поставени на одредени должности и специјалности. Погоден е за извршување на диверзантски дејствија и за борба во населени места.
Тактичко-технички карактеристики на автоматски пиштол 7,65 мм М-61:
Модел | М 61 |
Калибар | 7,65 мм |
Најдобро дејство (од рака) | 75 м |
Најдобро дејство со расклопен кундак (од раме) | 200 м |
Убојно дејство на зрното | 800 м |
Максимален домет на зрното | 1500 м |
Капацитет на рамката | 10 и 20 |
Теоретска брзина на гаѓање | 820/мин |
Практична брзина на гаѓање
|
35 куршуми/мин |
Почетна брзина на зрното | 317 м/с |
Должина на пиштолот со склопен кундак | 270 мм |
Должина на пиштолот со расклопен кундак | 522 мм |
Ширина на пиштолот | 43 мм |
Должина на цевката | 115 мм |
Висина на пиштолот | 167 мм |
Број на жлебови | 6 |
Маса на пиштолот со рамка од 10 куршуми | 1, 43 кг |
Маса на пиштолот со рамка од 20 куршуми | 1, 53 кг |
Маса на пиштолот без рамка | 1,28 кг |