Намена и борбени особини на авион Злин 143Л:
Авионот Злин 143Л е четворосед, едномоторен, нискокрилец со фиксен стоен трап од типот на трицикл.
Наменет е за:
- Основна и напредна обука на пилоти;
- Туристички летови;
- Влечење на едрилици и транспаренти.
Тактичко-технички карактеристики на авион Злин 143Л:
| Мотор: | Клипен TEXTRON Lycoming O-540-J3A5 | 
| Елиса: | Дрвена, трокрака MTV-9-B/195-45a | 
| Вкупна работна зафатнина: | 8875 cm³ | 
| Сила на моторот: | 235 кс при 2400 в/мин | 
| Максимален број на вртежи: | 2400 в/мин | 
| Должина: | 7577 м | 
| Висина: | 2910 м | 
| Распон на крила: | 10136 м | 
| Растојание помеѓу тркала: | 2440 м | 
| Гориво: | Авиобензин во два главни резервоари 2х61 литри и два помошни 2х51 литри или вкупно 224 литри | 
| Максимална полетна тежина: | 1350 кг | 
| Максимална брзина: | 315 км/ч | 
| Плафон на лет: | 4500 м | 







