Во Генералштабот на АРМ се одржа состанок помеѓу НГШ на АРМ генерал потполковник Методија Величковски и извршниот одбор на Синдикатот на одбраната и безбедноста(СОБ), на кој беа разгледани прашања поврзани со повеќе статусни прашања на припадниците на Армијата на Република Македонија.
На средбата со претставниците на СОБ која е прва од назначувањето на генерал Величковски за НГШ, се разговараше за прашања поврзани со примената на одредбите од Законите кои ја регулираат службата, работните односи и синдикалното делување во АРМ.
Притоа се заклучи да преку заеднички активности се работи на имплементирање на законските одредби кои се однесуваат на подобрување на повеќе статусни прашања, посебно во делот на зголемување на стандардот и условите за работа на целокупниот персонал во Армијата на Република Македонија, како и за изнаоѓање на решенија за повеќе отворени прашања поврзани со синдикалното делување.
Генералштабот на Армијата на Република Македонија секогаш ги подржува конструктивните предлози на СОБ кои се однесуваат на подобрување на условите за работа на припадниците на АРМ а со тоа и подобрување на безбедноста на Република Македонија.
Состанокот се организира по барање на Синдикатот на одбраната и безбедноста во кој голем дел на припадниците на Армијата на Република Македонија се синдикални членови.