Началникот на Генералштаб на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со бригаден генерал Салваторе Карта, директор на менаџментот на НАТО одбранбениот колеџ во Рим, кој ја предводи групата на студенти која се наоѓа во студиска посета на Република Македонија.
На денешната средба во Генералштабот помеѓу останатото се разговараше и за соработката помеѓу Армијата на Република Македонија и НАТО одбранбениот колеџ во полето на едукацијата и военото образование, при што беше истакната улогата која оваа највисока образовна институција на НАТО за школување на високи офицерски кадри за Министерството за одбрана на Република Македонија и АРМ.
Студиска посета на Република Македонија и на АРМ од страна на посетители на НАТО колеџот е втора остварена досега во рамки на студиската програма на посети на оваа висока воена школска установа.
Студиската група предводена од бригаден генерал Салваторе Карта имаше можност преку презентација во салата за состаноци во Музејот на македонската револуционерна борба да се запознае со мисијата, структурата и задачите на АРМ и учество во вежбовни и меѓународни активности надвор од државата.
Како дел од соработката на полето на образованието досега од МО на РМ и АРМ на оваа високообразовна институција на НАТО имаат завршено голем број на офицери со високи чинови кои по завршување на школувањето се распоредуваат на високи позиции во структурата на МО и АРМ.