Денес, 14.03.2019 година, во полкот за Специјални Операции во касарната „Илинден“ се реализираше инспекција на специфицирана област согласно одредбите од „Виенскиот Документ 2011“.
Тимот за инспекција се состоеше од четворица инспектори, од кои тројца припадници на ВС на Р. Романија и еден гостин инспектор од ВС на СР. Германија. Пред тимот беше презентиран брифинг кој се состоеше од кратка историја на единицата, локација, мисија, инфраструктура, организациско-формациска структура, пополнетост, главни системи на вооружување и опрема, локации за изведување на обука и гаѓања, активности на единицата во тек, како и перспектива на единицата.