Заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, како највисок претставник на Армијата, заедно со припадници од Генералштабот и потчинетите команди и единици од гарнизонот Скопје, се приклучија на традиционалната крводарителска акција организирана од Амбасадата на САД и Црвениот Крст по повод одбележувањето на 11 септември- Денот на трагичниот настан во САД во 2001 година.
Со почитување на сите превентивни мерки за заштита од ширење на вирусот Ковид- 19, во просториите на Амбасадата на САД и домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ во Скопје, припадниците на Армијата даруваа 39 крвни единици.
Дарувајќи ја драгоцената течност, припадниците на Армијата повторно ја покажаа својата хуманост на дело.