Како дел од планираните активности со кои Армијата на Република Северна Македонија го одбележува тридеценискиот јубилеј, во чест на формирањето на првиот поголем тактички состав за време на НОВ баталјонот „Мирче Ацев“ во чија чест Армијата го прославува како Ден на Армијата од страна на 80тина припадници од Генералштабот и Армијата се реализира кондиционен марш на Славеј планина.
Притоа пред учесниците на маршот освен запознавање со тактичките и топографските карактеристики на теренот, од страна на директорот на Генералштабот, генерал-мајор, Зоран Милески се изврши и краток историски осврт за значењето местото и формирањето на овој баталјон за текот на НОВ, чиј носител на традициите е Армијата.