Во рамки на активностите кои традиционално се реализираат пред новогодишните празници од страна на Генералштабот и Министерството за одбрана, денес во Домот на Армијата се реализираше прием на семејствата на припадниците на Армијата упатени во меѓународните операции.
Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во присуство на семејствата, одржаа видеоконференциска врска со припадниците на Армијата кои извршуваат задачи во операциите во Косово, Босна и Херцеговина, Латвија, Романија, Бугарија и Либан, при што им ги честитаа претстојните празници и им упатија желби за добро здравје, успех и просперитет во Новата 2024 година.
На денешната предновогодишна средба и заеднично дружење, на децата на припадниците на Армијата упатени во меѓународните операции, им беа поделени новогодишни пакетчиња.