Денес 28-ми Март 2016 година во касарната „Илинден“ во Скопје беше одржан помен по повод навршувањето на 15 години од трагичното загинување на капетан 1 класа Љупчо Мирчовски (тогашен командантот на баталјонот на Воената Полиција).
По тој повод на спомен обележјето пред командата на баталјонот на Воена Полиција (бВП), свежо цвеќе положија: Командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, претставници од ГШ на АРМ, претставници од Секторот на Службата за Воена Безбедност и Разузнавање (ССВБиР), Командантот на полкот за специјални операции (пСО), претставници од единиците кои се лоцирани во касарна „Илинден“, членови на неговото семејството, пријатели и припадници од резервниот состав.
Со неговата упорност во работата и пред се неговата храброст и посветеност кои ги имаше во работата секогаш ни даваше голем морал во извршувањето на поставените задачи. За неговиот придонес за Воената Полиција со гордост ќе се сеќаваме и ќе му бидеме благодарни на неговиот лик и дело. Секогаш ќе се гордееме што бевме негови соработници – беше истакнато на денешниот помен.