Припадниците од инженериски баталјон од составот на прва пешадиска бригада, како дел од активностите на вежбата „Resolute Castle-24“, заедно со инженериските единици од Командата на Вооружените сили на САД за Европа и Африка реализираат заеднички проекти за развој и надградба капацитетите на АП Криволак.
Како дел од вежбата, припадниците од инженерискиот баталјон заедно со останатите учесници работат на надградба на веќе постоечките и нови капацитети, со што се зголемува функционалноста и понудата за реализација на било кој вид вежбовни активности на полигонот.
Досегашните активности на инженерискиот баталјон се состоеја од работи на модернизација на магацини за складирање на мети, подлога за перење, бетонска платформа, надградба и корекција на постоечката полетно слетна станица , патни правци, парк за технички средства и останатите активности согласно активностите од вежбата.
Покрај овие активности кои се изведуваат за време на вежбата „Resolute Castle-24“, припадниците од инжб преку размена на знаења и искуства ја подобруваат обученоста и интероперабилноста со сојузниците.
ГЃ/СЛ