Заменик министерката за одбрана, Елфет Исмаили денеска беше во посета на Командата за операции во касарната „Боро Менков“ во Куманово, каде оствари средба со командантот на Команда за операции, бригаден генерал Бесник Емини, началникот на штаб во Команда за операции бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и началниците на секциите во командата.
За време на денешната посета заменик министерката за одбрана , беше брифирана за мисијата и задачите кои ги остварува оваа команда, главниот двигател на Армијата во чиј состав се најголемиот број на армиски единици од сите родови и служби како и за придонесот на КО во операции за поддршка на мирот и безбедноста предводени од НАТО, Обединетите нации и Европската Унија.
Заменик министерката за одбрана на денешниот брифинг упати благодарност до сите припадници на Командата за операции за се што е направено досега во командата и единиците од нејзиниот состав.
„Сакам да се запознам со состојбите и предизвиците и да направиме се што е потребно вашата работа да ја извршувате беспрекорно“, порача заменик министерката за одбрана.
На денешниот брифинг заменик министерката за одбрана беше брифирана за идните чекори на Командата за операции, опремување и модернизација, обуката и вежбите и прифаќањето и имплементацијата на НАТО стандардите.