На 02.10.2024 година, главниот подофицер на Армијата на Република Северна Македонија, главен наредник Горан Ќирковиќ, во Кампот за обука на вода – Охрид, оствари билатерална средба со главниот подофицер на Вооружените сили на Република Словенија, главен наредник Данијел Ковач. Дискусијата се фокусираше на унапредување на соработката помеѓу двете армии, особено во сферата на функционирањето на подофицерскиот кор. Клучните теми на разговор вклучуваа: воено образование на подофицерите, размена на искуства во делот на обуката и професионалниот развој на подофицерите, како и планирање и реализација на заеднички вежби и обука во Република Северна Македонија и Република Словенија. Оваа средба дополнително го зацврсти партнерството помеѓу двете армии и ја истакна посветеноста во зајакнување на меѓуармиската соработка.