На покана на Меѓународниот совет за воени спортови, припадници на Армијата во период од 23 до 30 март 2025 година учествуваа на петтите Зимски светски воени игри, кои се одржаа во Швајцарија под мотото „Воени шампиони за мир“.
Екипата на Армијата на овие игри, на кои беа пријавени 1400 учесници од 43 нации во различни дисциплини, настапи со атлетичари во дисциплината крос-кантри за мажи на 10км и жени на 8 км, како и мешана штафета на 8 км.
Припадниците на Армијата со своето учество на спортските настани, преку програмите на Меѓународниот совет за воени спортови, покрај забележителните резултати кои ги постигнуваат, дополнително придонесуваат за развој на меѓуармиската соработка, пријателството и мирот во регионот и во светот.