Воените оркестри на армиите на Република Северна Македонија и на САД, денес одржаа незаборавен концерт пред граѓаните на Битола. Настанот се одржа во прекрасниот амбиент на плоштадот “Магнолија”, каде што посетителите уживаа во уникатен музички перформанс и пријателска атмосфера.