Припадници од Армијата на покана на Македонската Спортска Стрелачка Федерација и оваа година учествуваа на Интернационален отворен турнир во стрелаштво Гранд При „Скопје 2025“ кој се одржа на спортското стрелиште „Камник“.
На отворањето на 19. натпревар се обрати бригаден генерал Дејан Чиплаковски, кој на учесниците им посака успех и постигнување на високи резултати за време на турнирот.
Ова е еден од најголемите и најатрактивните турнири во спортско стрелаштво на кој припадниците на Армијата имаат можност да ја демонстрираат својата подготвеност. Оваа година екипите од Армијата се натпреваруваа во дисциплина гаѓање со пиштол на 25 метри и гаѓање со пушка на 100 метри.
Во женска конкуренција во категорија 25 метри со пиштол од 15 натпреварувачки, поединечно помлад водник Сара Димоска од ВП 2733 Велес го освои 3 место, а во екипна женска конкуренција претставничките од ВП 2803 Скопје го освоија 2 место, додека во категорија гаѓање со пушка на 100 метри поединечно 1 место освои помлад водник Сара Димоска, второ место го освои Дајана Тодоровска а трето место го освои Аделајида Бегановиќ сите три од ВП 2733 Велес, а во екипна женска конкуренција претставничките од ВП 2733 Велес го освоија 1 место.
По завршување на натпреварувањето, претставници од Македонската Спортска Стрелачка Федерација, им додели пехар и медали на најдобро пласираните екипи и поединци.