На 23 јуни 2015 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, пристигна нова генерација војници на доброволно служење на воениот рок од сите краеви на нашата држава. Ова е дваесет и шеста генерација војници кои идните три месеци доброволно ќе го служат воениот рок во рамките на Командата за обука и доктрини.
Командата за обука и доктрини како главен носител на процесот на обуката и единствен центар за реализација на обука на војници на доброволно служење на воениот рок и овој пат организираше прием и сместување на војниците.
По краткиот период за прилагодување започнува обуката која има разновидни програмски содржини. Знаењето што ќе го стекнат војниците во наредните три месеци ќе биде основа за понатамошен развој, за оние кои ќе се определат да се приклучат на Армијата на Република Македонија.