Денес, (25-ти март 2014 година) во Домот на АРМ во Скопје, во организација на ГШ на АРМ се одржа конференција за обука на АРМ. Конференцијата ја отвори Директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски кој го нагласи значењето на оваа конференција, на која потчинетите команди и единици до ГШ на АРМ ги искажуваат буџетските потреби за 2015 година кои се во функција на изведувањето на обуката.
На конференцијата за обука присуствуваа претставници од организациските единици на ГШ на АРМ, началниците на секциите одговорни за обука и вежби (Ј/Г/А/С-7) од потчинетите команди и единици, до ниво на баталјон и главните подофицери од сите команди и единици.
Првопотчинетите команди и единици, на денешната конференција ги презентираа своите потреби за буџетирање на обуката и вежбите во 2015 година, како и на проектите и активностите кои се во функција на оваа област. Еден од приоритетите на конференцијата, беше и искажувањето на оперативните побарувања и потребните количини на артифиции за поддршка на обуката од програмата 4 – Обука во АРМ.
На крајот од Конференцијата беа донесени заклучоци и определени задачи за понатамошните активности во процесот на планирање, но и за подобрување на менаџирањето со обуката во АРМ.
Конференцијата за обука во АРМ се реализира двапати годишно.
Во месец март се реализира Конференцијата за планирање и програмирање на активности за обука, а во месец ноември се реализира Конференцијата за буџетирање на активностите за обука за наредната година.