Врз основа на календарот за обука на Командата за операции (КО) за 2025 година, старешините и цивилните лица од составот на КО денес, 05.11.2025 година, реализираа марш во поширокиот реон на Куманово. Целта на активноста беше одржување и подигање на психо-физичката кондиција на персоналот.
За време на реализацијата на маршот учесниците имаа можност да се запознаат со дел од теренот и природата во поширокиот реон на општина Старо Нагоричане како и со природно-географските карактеристики долж рутата на маршот.
Со оваа активност, припадниците на Командата за операции уште еднаш ја демонстрираа својата физичка подготвеност и зацврстување на колективниот дух во извршување на задачите согласно мисијата и целите на Армијата.








