Денес 05.02.2014 година на падините на планината Бистра во поширокиот реон на Маврово заврши обуката во зимски услови со припадниците на полкот за Специјални Операции.
Обуката се реализираше во периодот од 20.01.2014 до 05.02.2014 година и на истата учествуваа околу 200 припадници на единицата. Целта на обуката во зимски услови беше да се одржи борбената готовност и спремност на припадниците на полкот за Специјални Операции за извршување на задачи во секакви временски и метео услови, да бидат стручно, материјално и психолошки подготвени за живот и работа во планински услови и есктремно ниски температури, притоа искористувајќи ги ресурсите кои ги имаат на располагање.
Единицата за време на обуката во зимски услови се извежбуваше во изработка на објекти за престој, маршеви во зимски услови, прва помош и санитетска обука во мерки и постапки во зимски услови, гаѓање со малокалибарски пушки итн. За време на обуката единицата беше посетена од страна на Министерот за одбрана и Заменикот на Началникот на ГШ на АРМ. Општиот заклучок на гостите беше дека единицата во целост може да ги изврши поставените задачи без разлика на временските услови.