Врз основа на Меморандумот за соработка помеѓу Црвениот крст и Министерството за одбрана, а по повод одбележување на Денот на формирањето на Црвениот крст и Денот на крводарителството, денес на плоштадот „Македонија“ во Скопје, Армијата учествуваше на настан посветен на промоција на првата помош под мотото „Култура на безбедност – здрава заедница“.
Во рамките на настанот, животоспасувачи од состав на Армијата и Црвениот крст реализираа показни вежби, со цел придонес кон зголемување на јавната свест за значењето на првата помош, како и промоција на вештините за прва помош пред граѓаните. За време на показните вежби практично беше прикажана прва помош при отворена скршеница на екстермитет, затворена скршеница на екстермитет и срцево – белодробно оживување кај возрасен.
Оваа заедничка активност е уште една потврда за долгогодишната успешна меѓусебна соработка, која континуирано придонесува за зајакнување на подготвеноста и координацијата при хуманитарни активности и одговор при итни состојби.








