Асоцијацијата на одбранбени аташеи (АОА) акредитирани во Република Северна Македонија, денес реализираше посета на Командата за обука и доктрини (КО,Д) на која остварија состанок со командантот на КОД бригаден генерал Лулзим Нуредин и раководниот персонал од командата.
За време на посетата, која е дел од програмата за соработка на Армијата со АОА, преку кратка презентација подетално беа претставени мисијата и задачите на КОД, организациско-формациската структура, активностите, опремата, капацитетите на единицата, како и идните планови на единицата.
По одржаната презентација беше реализирана обиколка и запознавање на Народниот музеј Велес, при што аташеите имаа можност одблиску да се запознаат со богатата историја и култура на нашиот народ. Ваквите посети се вистинско богатство за сите генерации и потсетник колку е важно да го чуваме културното наследство.
Оваа посета дополнително го зацврсти партнерството помеѓу армиите и ја истакна посветеноста во зајакнување на меѓуармиската соработка.








