Во период од 7 до 20.04.2016 година припадниците од баталјонот за Специјална Намена од полкот за Специјални Операции учествуваа во Мултинационалната здружена вежба „Saber Junction 16“.
Вежбата се реализираше во Здружениот Мултинационален Центар за спремност во Графенвер и Хохенфелс – Германија, но повремено беа користени и базата во Авијано – Италија и бази во делови на Литванија и Романија. На самата вежба учество зедоа околу 5 000 припадници. Учествуваа единици од Албанија, Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Унгарија, Италија, Летонија, Литванија, Македонија, Молдавија, Романија, Србија, Словенија, Шведска, Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави.
Главната цел на вежбата беше постигнување на тактичка интероперабилност помеѓу членките и партнерите на НАТО алијансата. Припадниците на македонскиот контингент кој учествуваше на вежбата во целост ги оправда високите очекувања. Резултатите кои ги постигнаа за време на реализирањето на поставените задачи беа забележани и оценети со највисоки оценки од страна на домашните и странските оценувачи. Покрај стекнатото искуство за време на вежбата особено значајно е продлабочувањето на пријателски врски со членките и партнерите на НАТО.