Исполнувањето на НАТО целите на способности како приоритет на Армијата на Република Северна Македонија, резултираше со воведување на нови воени способности за психолошки операции (PSYOPS) во структурата на сили со што Армијата отпочна да делува и во овој сегмент во рамки на НАТО стратегиските комуникации.
Во претстојниот период Армијата работи активно на градење на капацитети во делот на психолошки операции кои се воведени во структурата на командите и единиците на Армијата.
За таа цел во рамки на воената контакт програма со САД, во периодот од 25.09. – 29.09.2023 година, во Домот на Армијата – Скопје се реализираше „Курс за инструктори од областа на психолошки операции – обучи го обучувачот: Модул 5“.
Курсот беше организиран од страна на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, во соработка со Канцеларијата за соработка во одбраната на САД во Република Северна Македонија и припадници на регионалниот тим на инструктори од детачментот на САД за PSYOPS.
На курсот учествуваа припадници од ГШ на Армијата и припадници од потчинетите команди и единици и предавачи од регионалниот тим на инструктори од детачментот на САД за PSYOPS во Сараево, БиХ.
За време на курсот беа реализирани теми од доменот на психолошки операции на тактичко рамниште. По завршување на курсот, на учесниците им беа доделени сертификати и истите се веќе сертифицирани инструктори на Армијата од областа на психолошки операции и во иднина истите во рамките на Командата за обука и доктрини ќе отпочнат со пренесување на стекнатите знаења и вештини на идните специјалисти од Армијата во делот на психолошки операции.
Како произлезен заклучок од активноста е посочена потребата за зајакнување на регионалната соработка на земјите членки на НАТО со спроведување на заеднички обуки и вежби од оваа област.