Заменик-началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин оствари средба со командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување во Грција, генерал-потполковник Атанасаиос Гаринис во рамки на неговата посета на припадниците од својот состав на АП „Криволак“.
За време на средбата беше реализиран брифинг за капацитетите и можностите кои ги нуди армискиот полигон „Криволак“ и се разговараше за можностите за проширување на воспоставената соработка со Корпусот на НАТО за брзо распоредување во Грција.
По средбата, генералот Гаринис изврши обиколка и увид на тековните активности кои се изведуваат на вежбата „Lojal dolos 25“ која се реализира со припадниците на НАТО корпусот за брзо распоредување во Грција.