Армијата на Република Северна Македонија со денешниот прв состанок на групата за имплементација започна со подготовките за претстојната дваесет и шеста Конференција на началниците на генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5) која ќе се реализира во месец септември во Република Северна Македонија.
На денешниот состанок кој се одржа во Скопје, покрај припадници на Армијата како домаќин, присуствуваа претставници од армиите на САД и земјите членки на А-5.
Членовите на работната група за имплементација ја дефинираа листата на задачи, понатамошниот календар за работа, ги разгледаа и ажурираа сите работни документи согласно деловникот за работа на првиот работен состанок на групата за имплементација за 2023 година. Состанокот заврши со потпишување на записник со заклучоци од првиот работен состанок на групата за имплементација за подготовка на дваесет и шестата конференција на НГШ на Армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба.
На конференцијата ќе учествуваат НГШ на Армиите на земјите членки на САД-Јадранската повелба претставници на ВС на САД, командантите на националните гарди (НГ) од сојузните држави на САД кои се партнери на земјите од А5, како и земји набљудувачи.