Припадниците на Генералштабот, покрај многубројните активности кои произлегуваат од функционалните задачи, согласно планираните годишни активности за обука и актуелните мерки за спречување на ширењето на Ковид-19, со правилно распоредување на персоналот во три временски периоди, реализираа рекреативно кондиционен марш.
За време на реализација на активноста која беше во реонот на мегалитска опсерваторија „Кокино“ и меморијален центар „АСНОМ“ во Пелинце , припадниците на генералштабот покрај оддржувањето на физичката подготвеност заедно со запознавање на географско топографските карактеристики на теренот, со помош на професионалните кустоси имаа прилика да се запознаат со овие две значајни знаменитости од историски аспект.