Согласно планираните активности од А-5 САД-Јадранската повелба, на ден 26.04.2023 година, во Домот на Армијата во Скопје, се одржа годишен состанок на функционалната група за комуникациски и информатички системи (КИС) во формат на началници на Ј-6 од генералштабовите на земјите членки на А-5 САД – Јадранската повелба, Албанија, Босна и Хецеговина, Црна Гора, Хрватска, како и претставници на Европската Команда на вооружените сили на САД (USEUCOM).
На состанокот беа презентирани искуства, научени лекции и најдобри практики во користење на основни мрежни сервиси во единиците распоредени во мировни операции и имплементација на НАТО функционалните сервиси.
Посебен акцент во дискусиите беше даден на кибер безбедноста во поглед на кибер ризиците, заканите и мерките кои можат да се имплементираат за да се превениираат кибер нападите. Беа споделени искуства од извршени кибер напади со цел нивно користење како научени лекции и насоки за зголемување на кибер одбраната.
Обуката за зголемување на свесноста за кибер заканите од страна на сите учесници беше истакната како еден од најважните сегменти во процесот на заштита на податоците и критичната инфраструктура.
Од страна на сите учесници беше прифатен заклучокот да се продолжи со досегашната успешна соработка на полето на КИС и кибер одбрана преку размена на знаења, научени лекции, искуства и најдобри практики помеѓу армиите од земјите членки на А-5 СаД-Јадранската повелба и USEUCOM.
Претходно вакви состаноци за подготовка на конференцијата оддржаа и секциите од воената безбедност и логистика.