Eкипи од командите и единиците на Армијата на Република Северна Македонија, на покана на Македонската Спортска Стрелачка Федерација во организација на Стрелачки клуб „СТРЕЛЕЦ“ Скопје, на стрелиштето Камник, учествуваа на третиот по ред Отворен ден за Спортско стрелаштво „СТРЕЛЕЦ КАЛЕС КУП 2022“. Припадниците на Армијата, во дисциплините гаѓање со пиштол на 25 метри и пушка на 100 метри и овој пат повторно ја демонстрираа својата подготвеност во ракување со своето оружје остварувајќи забележителни резултати.
Второ место поединечно во дисциплината гаѓање со пушка на 100 метри, освои десетар Драгослав Кудрановиќ од Генералштабот на Армијата.
Екипно во оваа дисциплина, прво место освои женската екипа од Командата за обука и доктрини од Центарот за обука на питомци во состав: Мартина Стаменова, Милица Перишиќ и Аделаида Бегановиќ освојувајќи ги првите три места, второ место екипата од Генералштабот, а третото место во истата дисциплина во машка конкуренција го освоија учесниците од Баталјонот за специјални намени.
Во дисциплината гаѓање со пиштол на 25 метри во женска конкуренција екипата од Генералштабот на Армијата го освои третото место.
Организаторот на третиот по ред Отворен ден за Спортско стрелаштво „СТРЕЛЕЦ КАЛЕС КУП 2022“, по завршување на натпреварувањето на учесниците им додели пехар и медали на најдобро пласираните екипи и поединци.