Армијата која како дел од обуката посветува големо внимание на физичката подготвеност на своите припадници и спортските активности во целина, уште еднаш со постигнување на забележителен спортски резултат на свој припадник доби потврда дека планот и програмата за физички и спортските активности овозможуваат припадниците на Армијата да се истакнат со забележителни резултати на спортските натпревари на државно и меѓународно ниво.
Овојпат, капетан Тосев Жан од составот на баталјонот за почести достоинствено ја претстави Армијата преку учеството на традиционалниот Скопски маратон во организација на градот Скопје и WizzAir каде го освои прво место во трката полумаратон на 21 километар.
На активноста која се одржа ден 02.10.2022 година, капетанот Тосев го освои прво место во генерална конкуренција со постигнато време од 1 час, 11 минути и 49 секунди, додека со останатите припадници на Армијата го освоија второто место во категоријата на тим билдинг.
Со постинтатото време капетанот Жан Тосев постави нов рекорд од сите припадници на Армијата кои учествувале на оваа дисциплина и е прв победник од состав на Армијата на овој спортски настан кој се изведува по 15ти пат.