Во текот на денешниот ден и во текот на минатото деноноќие ангажирани се повеќе од 150 припадници од 1.пешадиска бригада за гасење на пожар на дел од територијата на државата.
Припадниците од 1.пешадиски баталјон делуваат во реонот на с. Брезница и с. Тажево, општина Македонски Брод. Припадниците од 2.пешадиски баталјон, поделени во повеќе групи, делуваат во околината на с. Долно Ѓуѓанци и с. Макреш, општина Свети Николе, но и во атарот на с. Татомир, општина Кратово, како и во околината на манастирот „Света Недела“ во с. Ранчанци и Еленско Блато во Општина Пехчево.
Во борбата со огнената стихија се вклучени и припадниците на Баталјонот за борбено-сервисна поддршка, кои се распоредени во атарот на с. М’глинце, како и во околните села на градот Кратово.
ЏР/СН