Согласно побарувањата на општината Тетово, а врз основа на одлуката на Министерството за одбрана, денес припадниците на Инженерискиот баталјон од составот на Армијата на Република Македонија со контролирана експлозија извршија минирање на четири карпи во реонот на селото Шипковица.
За извршување на денешната активност претходеа детални процени и подготовки. Со поставување на сериски поврзан експлозив во минерски бушотини се предизвика внатрешно расцепување на карпите по што остатоците со дополнителна механизација ќе бидат дислоцирани. Претходно, исто така во истиот реон, една карпа беше механички отстранета од припадниците на инженерискиот баталјон.
Со отстранувањето на карпите, се отстранија заканите и опасноста кои во услови на поројни дождови истите би предизвикале дополнителна штета на месното население и околината во овој реон.
На денешното минирање на карпите во месноста кај село Шипковица присуствуваа министерот за одбрана, заменикот министер за одбрана, командантот на Здружено оперативната команда,
1. Механизирана пешадиска бригада како и претставници од медиумите кои го проследија настанот.