Денес, 5-ти февруари 2015 година, во Домот на АРМ се одржа конференција на тема: „Функционирање на логистиката во АРМ, предизвици и предлози за надминување на истите“. По отварањето на конференцијата, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, во своето обраќање го истакна значењето на логистичкото обезбедување, како една од клучните области за нормално функционирање на животот и работата на АРМ, со директна надлежност за борбено-сервисната поддршка на единиците на бојното поле.
На конференцијата покрај НГШ на АРМ присуствуваа: заменикот на НГШ на АРМ, директорот на ГШ на АРМ, командантите на првопотчинетите команди и единици и началниците на секциите Ј-4/А-4/С-4 од ГШ на АРМ и потчинетите команди и единици.
Од страна на учесниците, беа презентирани проблемите и предизвиците со кои се среќаваат во работата, а кои се однесуваат на: одржувањето, снабдувањето и услугите, медицинската поддршка, движењето и транспортот, инфраструктурното одржување, како и пополнетоста со персонал и обуката на припадниците на АРМ во единиците за логистичко обезбедување.
На крајот од конференцијата, од страна на НГШ на АРМ беа издадени конкретни задачи и заклучоци во насока на подобрување на функционирањето на воената логистика на сите рамништа, на капацитетите за логистичка поддршка на АРМ и сеопфатна и непрекината соработка и координација со соодветните логистички органи во Министерството за одбрана.