Во знак на одбележувањето на Денот на жената, 8-ми Март, во воениот хотел „Шар“ на Попова Шапка, за припадничките од женскиот пол од ГШ на АРМ, беше организиран коктел.
Во чест на Денот на жената, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, вчера за женскиот персонал од ГШ на АРМ приреди ручек во воениот хотел „Шар“. Честитајќи им го Денот на жената, генералот Котески на припадничките на ГШ на АРМ им се заблагодари на нивниот придонес во извршувањето на задачите, при што ја истакна заложбата на АРМ за активно вклучување на жените во Армијата, која се повеќе ќе биде средина за градење на успешна професионална кариера на жените.
Застапеноста на жените во АРМ е во рамките на европскиот просек, што е доказ за отвореноста на Армијата како институција која нуди еднакви можности. Денес, жените во АРМ не се само дел од единиците за логистичка поддршка и службите, туку и во борбените единици, што говори за определбата за родова еднаквост во Армијата.
Во текот на денешниот ден, во сите команди и единици на АРМ свечено ќе биде одбележан Денот на жената.