Од денес до 17 јули во организирана посета на Центарот за обука на пилоти (ЦОП) ќе присуствуваат старешини од ГШ на АРМ.
На почетокот на денешната посетата, старешините ги поздрави директорот на Центарот и поранешен пилот на хеликоптер во Израелската армија, господин Шрака Јаари.
Посетата продолжи со презентација на инструкторот Драган Неделковки. Во текот на презентацијата тој даде осврт на мисијата на ЦОП, го наведе начинот на кој се врши селекција на лицата за прием, а потоа даде осврт на текот на обуката. Тој нагласи дека целта на ЦОП е да обучува не само пилоти туку и лидери кои ќе можат да се справат со сите ситуации со кои ќе се сретнат на бојното поле.
Посетата заврши со презентација на воздухопловите од составот на ЦОП, центарот за одржување на воздухопловите, како и симулаторите за хеликоптерите МИ-24 и МИ-17. Овде посебен осврт беше даден на симулаторите, потенцирајќи дека она што ги прави карактеристични е тоа што со нив може да се обучуваат/тренираат посади за тимски задачи за МИ -24 и МИ-17.
На крајот на посетата, покрај запознавањето со капацитетите и можностите на ЦОП, не можеше да се скрие задоволството кај посетителите за постоење на ваков центар кај нас, кој по своите капацитети, способности и обучен персонал се наоѓа во врвот на центри не само во регионот туку и на светско ниво.