Денес 10.02.2015 година во посета на полкот за специјални операции беше делегација на Министерството за одбрана на Република Хрватска, предводена од Министерот за одбрана Анте Котромановиќ.
Делегацијата беше пречекана од страна на командантот на полкот за специјални операции бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски заедно со потесниот дел од командата.
Посетата продолжи со брифинг на делегацијата во кој беа презентирани мисијата на единицата, структурата, опремата како и стекнатите искуства од мисиите каде до сега учествувала единицата, а потоа преку тактичко технички збор беше презентиран дел од опремата и вооружувањето кое го користи единицата.
Припадниците од полкот, своите вештини и знаења пред гостите ги демонстрираа преку методско показна вежба за уништување на ДТГ која е сместена во „сигурна куќа“.
На крајот од посетата Министерот за одбрана на Р. Хрватска се запиша во книгата на впечатоци на единицата и ја изрази својата благодарност, потенцирајќи го високото ниво на спремност кое беше демонстрирано од припадниците на полкот.