Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на Центарот за електронско извидување (ЦЕИ).
Должноста командант на ЦЕИ е поставен потполковник Марјан Масевски кој ја прими должноста од потполковник Николче Милковски.
Согласно Правилото за воен протокол на свеченоста се прочитаа наредбите за поставување, по што следea пригодни говори од страна на заменик на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, досегашниот и ново назначениот командант.
Покрај генералот Рацај на свеченоста присуствуваа претставници од ГШ на АРМ, команданти од командите и единиците на АРМ, како и претставници од организациите со кои соработува единицата.
Во говорите беше истакнато значењето кое оваа единицата го има во системот на одбраната, но исто така беше и упатена порака за понатамошно професионално и несебично извршување на поставените задачи.
Со церемонијалното прифаќање на военото знаме на единицата потполковник Масевски ја превзема обврската за раководење со оваа единица но и верба во професионалниот однос и стручноста на воениот колектив.
ЦЕИ е првопотчинета единицата на ГШ на АРМ, чија мисија е собирање на разузнавачки податоци по пат на електронско извидување на ЕМС со цел на рано предупредување и заштита на вооружените сили, како и собирање на податоци значајни за безбедноста и одбраната на Република Македонија.