Припадниците на Логистичката База (ЛБ), во услови на ангажирање на Армијата во поддршка на државните институции во спречување на ширењето на пандемијата предизвикана од „Ковид 19“, во касарната „Илинден” во Скопје, на симболичен начин и со придржување на сите мерки и препораки кои се применуваат во справување со пандемијата, го одбележаа 20ти мај – Денот на единицата.
Во своето обраќање пред стројот на единицата, командантот на ЛБ, полковник Мухарем Мухареми, честитајќи им го денот на единицата, искажа признание за вложениот труд и учеството во логистичката поддршка на единиците на Армијата, во справувањето со најголемиот актуелен глобален здравствен предизвик со кој се соочуваме.
Покрај останатото во својот говор, полковник Мухареми се осврна и на предизвиците, задачите и активности кои може да ги очекуваме и во кои ќе учествуваме како полноправна членка НАТО.
На свеченоста по повод денот на единицата, беа прочитани честитки и соопштени стимулативни мерки на припадниците на единицата, за вложениот труд и постигнатите резултати. Во претходниот период припадниците на командата и дел од единиците учествуваа во крводарителни акции, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
На одбележувањето на Денот на единицата, во знак на поддршка за вложениот труд и активностите кои се спроведуваат во актуелната состојба, присуствуваа и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, Заменик на началникот на Генералштабот, Директорот на Генералштабот и командантите на Командата за Операции и на Командата за обука и доктрини.
ТЈ